Судијата Мустафа Шахини, кој е под истрага за криминал од 200.000 евра, доби продолжување на мандатот за уште две години на денешната седница на Судскот совет.
Одлуката е донесена по барање на управниот судија а членовите на Судскиот совет ја образложија поддршката со „пресумпцијата на невиност“.
Шахини е осомничен во истрага на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, за случај на спорна денационализација. Обвинителката Вилма Рускоска во мај годинава побара и притвор за Шахини. Судскиот совет тогаш му го одзеде имунитетот на Шахини, но не дозволи тој да биде и притворен.