Туристите на Миконос секоја вечер пијат и се дрогираат, а потоа се освестуваат со „лек“ кој чини 1.000 евра ФОТО

Новата мода на „Островот на сексот, дрогата, алкохолот и непрекинатите забави“ е инфузија која во себе содржи серум кој ќе ве воскресне“ после една ваква забава.

6388

Иновативната IV терапија која го „убива“ мамурлукот се појавила лани на Миконос, а оваа година веќе станала секојдневие за туристите кои дошле на овој остров со една цел – да пијат и да се дрогираат.

Новата мода на „Островот на сексот, дрогата, алкохолот и непрекинатите забави“ е инфузија која во себе содржи серум кој ќе ве воскресне“ после една ваква забава.

Сега на островот се наоѓаат и цели тимови на лекари кои го започнале овој бизнис и, според зборовите на грчките медиуми, заработуваат сериозни пари од тоа.

Станува збор за коктел-терапија со помош на која пациентите добиваат силни витамини директно во крвта – магнезиум, витамин Ц, калциум и неколку видови витамин Б.

Творците на оваа терапија кои се попознати од другата страна на Атлантикот, поточно во градовите како Мајами, Лас Вегас и Лос Анџелес, сметаат дека благодарение на продорот на витамините и минералите директно во крвта, организмот може да реагира поефикасно од таблетите со истите состојки.

Токму така туристите го избегнуваат мамурлукот и нуспојавите на сето тоа што го консумирале претходната вечер.

Меѓутоа, она поради кое веројатно нема да ви биде добро е цената на една ваква терапија.

Минатата година терапијата за „трезнење“ во една вила чинела околу 250 евра, а оваа година цената се зголемила за четири пати поради мошне поголемиот број на приватни забави кои се одржуваат во приватните вили на островот.

Лекарите кои сезонски работат на островот наводно заработените пари ги делат со посредниците кои им носат клиенти и токму тоа е причината поради која во моментот една таква терапија чини 1.000 евра, секако на црно.

Она што е уште поинтересно е дека оваа инфузија не е добра за секого. Луѓето со срцеви заболувања би требало да бидат внимателни затоа што ваквиот коктел би можел уште повеќе да им го оптовари срцето. Исто така, пациентите би требало да знаат дека секогаш кога ќе им продре иглата во телото, постои можност од инфекција доколку им биде промашена вената, па ако веќе сте се одлучиле за ваков „третман“, барем направете го во клиника.

FOTO: Printskrin/Fejsbuk/Instagram

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...