По повод петгодишнината на European Western Balkans, порталот му додели награда на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров „за вложување извонредни напори за приближување на својата земја и регионот до Европската Унија, промовирање на духот на соработка и мир во регионалните прашања, со посебен акцент на нормализацијата на односите меѓу Грција и Северна Македонија, како и за поддршката за демократските реформи и надминување на товарот од минатото на Западен Балкан, која служи како пример”, соопшти денеска МНР.
– Како што Европа не е комплетна без Западниот Балкан, така и медиумската сцена во регионот не би била комплетна без European Western Balkans – секогаш присутни, навремени и фокусирани на работите кои значат – заедничка ЕУ иднина. Честитки за комплетирањето на пет успешни години EWB! Заедно да го зајакнеме трансформативниот процес и да го прославиме комплетирањето на европската приказна на Балканот, колку побрзо, толку подобро – рекол министерот Димитров изразувајќи благодарност за наградата.
Награда на МНР Димитров ќе му биде врачена по завршувањето на работните посети на Париз, Брисел и Берлин, оваа недела.