Здравев: Тоа што предметите на СЈО ги презема ОЈО го прави депласирано начелното правно мислење на Врховниот суд

672

Претседателот на Судскиот совет Киро Здравев смета дека сите предмети отворени од СЈО треба да добијат судско-обвинителска завршница.

– За предметите што се веќе во суд, треба да има соодветна пресуда. За другите предмети, што ќе ги преземе редовното обвинителство, треба да се донесат соодветни обвинителски одлуки. Тоа што предметите ги презема редовното обвинителство го прави депласирано начелното правно мислење на Врховниот суд – изјави Здравев.

Според начелното правно мислењето на Врховниот суд, СЈО е неовластен тужител во сите истраги и предистраги за кои до 30 јуни 2017 година не беше поднесен обвинителен акт. Станува збор за 19 истраги и стотина предистражни постапки.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...