Македонија одржува макроекономска стабилност со инфлација од 0,9 отсто, а истовремено стимулира економски раст и развој. Со неодамнешните економски реформи на Владата се поддржува развој на бизниси и се привлекуваат приватни инвестиции, со што на компаниите им се обезбедуваат услови подготвени да влезат, да се еднакво конкурентни, и ефeктивно да излезат од пазарот. Поради овие заложби, се пласиравме на 10-то место за леснотија во водењето бизнис од вкупно 190 земји, според извештајот на Светска Банка „Водење бизнис“ за 2019 година.
Ова го истакна министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во рамки на ITU Телеком, во своето обраќање на тркалезна маса на тема: „Инвестирање во дигитална иднина во правец на гигабит инфраструктура и општество“.
Настанот на едно место ги собра дел од заинтересираните оператори од повеќе земји од Европа кои имаа можност да ги слушнат условите за инвестирање во Северна Македонија.
Министерот Манчевски се осврна на бизнис климата во земјата и условите кои ги нуди.
– Растечките приливи на странски инвестиции ја задржаа високо квалификуваната раотна сила и одржа стабилност на стапката на вработеност во Македонија на 46,9 отсто. Во овие реформи е вклучен и најдобриот пакет за даноци во Европа: 10 отсто корпоративен данок и 3 отсто корпоративен данок за развој на ИКТ. Како резултат на реформите, Директните странски инвестиции (ДСИ) значително се зголемија во 2018 година, при што изнесуваа рекордни 735 милиони евра и опфаќаа 5,8 отсто од БДП на земјата – рече Манчевски.
Зборувајќи за аспектите од ИКТ сферата тој ги претстави поволните услови и развојот на оваа област.
– Секторот за ИКТ е најбрзорастечкиот сектор, со кумулативна стапка на раст од 47 отсто во изминативе 5 години, при што опфаќа 4 отсто од БДП во земјата. Секторот за ИКТ има вработено над 18 илјади високо квалификувани работници, а дури 257 компании за ИКТ беа основани во 2017 година.
Министерот Манчевски, го претстави и пазарот во контекст на можностите за инвестирање на нов мобилен оператор.
98,69 отсто од населението и на 75 отсто има сигнал 4G Вкупниот број на активни претплатници на мобилни услуги изнесува 95 отсто (на припејд 46 отсто, на постпејд 54 отсто), бројот на претплатници на мобилен интернет изнесува 65 отсто, додека пак бројот на активни M2M SIM-картички изнесува 207.990.
Вкупните приходи на пазарот за мобилни услуги во 2018 година изнесуваа 139 милиони евра.
Според Индексот на ГСМА за мобилна поврзаност на Македонија за 2019 година, инфраструктурата за мобилна мрежа достигна 66,99; подготвеноста за потрошувачи достигна 73,89; достапност на цените на уреди и услуги достигна 73,78; меѓу другото.
Имајќи го предвид горенадевеното, клучните можности за раст се следните:
Потрошувачи: претплата на бродбенд мобилни услуги – неискористени до 30 отсто од пазарот (тековен удел 65 отсто)
Јавен сектор/Влада: пазар за користење дигирални услуги – до 80 отсто потенцијал за раст на пазарот (тековен удел 17 отсто-33отсто)
Бизниси: користење услуги „во облак“, можност малите и средните претпријатија да продаваат онлајн и онлајн-прекугранична поврзаност – неискористени до 90% од пазарот (тековен удел 1 отсто-16отсто)
Вертикален пазар (IoT, M2M): во моментов се активни 207990 M2M SIM-картички – голем неискористен дел од пазарот со побарувачка за раст (светски трендови на CARG за 2017-2022 година на 32 отсто, Cisco VNI Mobile, 2019 година)
Зголемување на просечните приходи по корисник, на инвестициите и на потенцијалот за приходи
Ситуацијата упатува на тоа дека сѐ уште има неискористени делови од пазарот кои може да ги пополни дополнителен мобилен оператор.
Покрај министерот Манчевски, на сесијата се обратија и Јарослав Пондер, раководител на кабинетот на УМТ за Европа, Н.Е. Дорина Чинари, заменик министер во Министерството за инфраструктура и енергетика, Је Муинг Ру, виш специјалист за дигитален развој на Светска Банка, По-вен Лиу, виш економист на сектор во Европската инвестициска банка, Акос Бона, Директор за меѓународни работи во фондацијата Дигитална иднина, Енрике Медина Мало, главен службеник за политика во Телефоника С.А, Габор Короши, директор во Теленор Унгарија.