Ана Ивановиќ се породи пред 10 дена: Каде ти е стомакот! ФОТО

Покрај синот што го донесе на свет пред десетина дена, со него го има и едноиполгодишниот син Лука.

989

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ покажала тенка фигура веднаш по второто породување.

Ана го роди својот втор син пред десетина недела, а сега на Инстаграм ги објави своите први фотографии по второто породување. Поранешната тенисерка отсекогаш била позната по својата тенка фигура, а обожавателите не можат да веруваат колку е тенка, бидејќи неодамна го роди своето второ дете.

„Прекрасен ден во Чикаго и совршено време за семејна прошетка. Ви благодарам на сите за убавите желби“, напишала Ана во насловот на фотографиите на кои позира на тревата.

Многубројни обожаватели веднаш истакнале колку добро изгледа и ѝ посакале среќа со новиот член на семејството.

Ана е во брак со фудбалерот Бастијан Швајнштајгер од 2016. година. Покрај синот што го донесе на свет пред десетина дена, со него го има и едноиполгодишниот син Лука. Ана и Бастијан сè уште не откриле кое име му го дале на вториот син.

 

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...