Палмер: Северна Македонија наскоро ќе стане 30 членка на НАТО

290

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Метју Палмер изјави дека е уверен оти Северна Македонија наскоро ќе стане 30. членка на НАТО.

– Останаа извесен број членки кои треба да го ратификуваат протоколот за пристапување, вклучувајќи ги и САД. Тоа бара интерна процедура во Сенатот и се надеваме дека се ќе биде завршено до декември. Доколку тоа не се случи, тогаш ќе одредиме некој друг датум за неколку месеци, рече Палмер во интервју за Радиотелевизија Црна Гора – пренесува РСЕ.

Според него, САД се залагаат за стабилен Западен Балкан интегриран во евоталтанските институции, за разлика од Русија која сака регион заснован врз нереди и недоверба.

– Западен Балкан го гледаме како член на семејството на западни земји, интегрирани во евроатлантските институции, како земји со кои се соработува врз основа на правила и норми. Русите покажаа дека сакаат регион заснован врз нереди и на недоверба. Мислам дека тоа најјасно го видовме во Црна Гора кога Русите го поддржаа државниот удар во 2016 година за да се спречи земјата да влезе во НАТО – рече Палмер.

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан смета дека „Русите не завршиле со настојувањата да прават проблеми во Црна Гора и на Западен Балкан“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...