Напаѓачот на Лос Анџелес галакси, Златан Ибрахимовиќ ќе добие споменик во Шведска, пренесува „АС“.
Иницијативата потекна од шведската фудбалска асоцијација која одлучи споменикот да биде во Малме меѓу стариот и новиот стадион на локалниот клуб. Ова е родниот град и матичниот клубот на шведскиот напаѓач.
Висината на статуата ќе биде 2,7 метра, тежина – околу 500 кг.
Задолжен за изработката на споменикот е скулпторот Питер Линд.
ФОТО: EPA / JULIEN WARNAND