Еден човек загина и десетици се повредени во пожар во болница во Дизелдорф, јави ДПА.
Од повредените седуммина се во животна опасност. Шеесети и еден човек се пожалиле на болки поради вдушување чад. Причиата за пожарот засега е непозната. Не се знае ниту дали загинатиот е пациент.
Пожарот почнал да се шири од болничката соба во која било најдено неговото тело.