Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 19 степени, а дневната од 23 до 33 степени.
Во Скопје и во околината утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 31 степен.
Од утре ќе има повеќе сончево време и ќе следува период на стабилно и релативно топло време.