Во Париз, во чест на Денот на независноста на Македонија – 8 Септември, вчера беше организирана церемонијата на „Разгорување на вечниот оган“ на споменикот на непознатиот војник под Триумфалната капија.
По завршувањето на традиционалната свечена поворка, составена од наши иселеници и француски пријатели, амбасадорката Чаушевска Димов со симболичен гест го разгори вечниот оган пред споменикот на непознатиот војник во подножјето на Триумфалната капија.
Вечниот оган за прв пат е запален на 11 ноември 1923 година, а церемонијата на неговото разгорување се врши секој ден точно во 18.30 часот.
Настанот беше овозможен од Унијата на асоцијациите „Огнот под Триумфалната капија – Оган на нацијата” и се организира за прв пат од осамостојувањето на нашата држава.