Италијанската одбојкарска репрезентација го доби натпреварот за 3. место на Европското првенство за жени. Италијанките попладнево во Анкара, во меч за бронзениот медал ја совладаа Полска со 3:0.
Во првиот сет резултатот беше 25:23, вториот заврши 25:20, додека третиот го доби со 26:24.
Вечерва се игра големото финале во кое ќе се соочат бранителот на трофејот Србија и домаќинот Турција