Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо постави голем цел пред ѕвездата на „црвените ѓаволи“ – Пол Погба. Португалецот побара од халфот да земе се во своМенаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо постави голем цел пред ѕвездата на „црвените ѓаволи“ – Пол Погба. Португалецот побара од халфот да земе се во свои раце и да биде попостојан на теренот.
Погба не блескаше особено од почетокот на пролетната полусезона и беше оставен на резервната клупа во неколку од натпреварите на Јунајтед во март. Тој, сепак, се појави од првата минута во судирот со Манчестер Сити и реализира два гола за пресврт од 3:2.
– По натпреварот со Сити му реков дека не очекувам секој пат да биде играч на натпреварот или да бележи по два пати секоја недела. Сакам само да биде постојан. Тоа е мојот предизвик кон него, што тој сам треба да си го постави. Сакам да биде стабилен на теренот, а не да има еден добар натпревар, пото не толку добар и на крајот лош, изјави Мурињо.
Од почетокот на сезоната Погба има 10 асистенции и 5 гола во вкупно 29 натпревари.
Подоцна, Јунајтед го пречекува Вест Бромвич во меч од 34 коло на Премиер Лигата.