Почна гроздоберот со Тиквешки карневал

Винските кралица и крал, министерот за земјоделство Трајан Димковски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и други гости, симболично откинааа гроздови, кои завршија во големиот сад со грозје, под нозете на девојките.

612

Над илјада учесници продефилираа на Тиквешкиот карневал во Кавадарци, а млади девојки го газеа грозјето од кое ќе се прави вино и ракија, со што продолжува вековната традиција во најголемиот лозаровинарски регион во државата.

Винските кралица и крал, министерот за земјоделство Трајан Димковски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и други гости, симболично откинааа гроздови, кои завршија во големиот сад со грозје, под нозете на девојките.

Во карневалското дефиле кое го проследија гости од земјава и странство, учествуваа 41 група од државата и надвор од неа. Меѓу гостите, настапија и од соседна Грција, а можеа да се видат маски кои ја одразуваат традицијата на лозаровинарство, претстави на водата и сушата, но и многу други кои го привлекоа вниманието на различни генерации. Се дегустираше извонредно тиквешко грозје, се наздравуваше со висококвалитетни вина и ракии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...