Активностите од програмата за чествување на Денот на независноста започнаа со оддавањето достојна почит и положување цвеќе на вечните почивалишта на порнашените претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Владината делегација на овој настан ја предводеше премиерот Зоран Заев, во придружба на вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерката за финансии Нина Ангеловска.
На вечните почивалишта на порнашените претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, на Градските гробишта Бутел во Скопје, свежо цвеќе положија и делегации на на Собранието на Република Северна Македонија, на Канцеларијата на Претседателот на Република Северна Македонија, на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија, на другите државни институции и на локалната самоуправа, на политичките партии и здруженија на граѓани, на дипломатскиот кор, и на останатите делегации.
Од Градските гробишта Бутел во Скопје, делегациите се упатија кон Градскиот Парк, кај Школка, каде што ќе се одржи централната свеченост по повод 8 Септември – Денот на независноста.