200 казни за возачи на мотори и автомобили во Скопје

Ноќеска во 1 часот во Полициската станица Бит Пазар приведени се двајца малолетници од Скопје, поради тоа што за време на акциската контрола на улица „Цветан Димов’’ при преглед од полициски службеници на мотоцикл со скопски регистарски ознаки, кај малолетниците се пронајдени марихуана, два ножа и „боксирач“.

156

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во периодот од 06:00 до 24:00 часот санкционира 24 возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

При контролата, како што информираат од МВР, откриени се и 77 останати прекршоци за кои се издадени 58 мандатни платни налози и 19 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 07/08.09.2019 во времето од 19:30 до 01:00 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 36 возачи. Покрај тоа, задржани се три мотоцикли и едно патничко моторно возило за натамошна постапка за проверка на техничка исправност. Откриени се 53 останати прекршоци за кои се издадени 32 мандатни платни налози и 21 прекршочен платен налог.

Ноќеска во 1 часот во Полициската станица Бит Пазар приведени се двајца малолетници од Скопје, поради тоа што за време на акциската контрола на улица „Цветан Димов’’ при преглед од полициски службеници на мотоцикл со скопски регистарски ознаки, кај малолетниците се пронајдени марихуана, два ножа и „боксирач“. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, соопшти МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...