Пендаровски: За трајно помирување потребна е ефикасна правда и државни институции со интегритет

Денес сме пред портите на европските и евроатлантските институции. За да стигнеме до целта, треба повторно да го обновиме единството што го имавме на почетокот на независноста, вели во честитката по повод Денот на независноста, претседателот Стево Пендаровски.

428

Во 1991-та, во неизвесно време, ние, граѓаните, се обединивме околу идејата за своја, независна држава. Тогаш, големиот предизвик, наместо причина за поделби, стана повод за обединување, сите се собравме околу идејата за независна и суверена Македонија, вели претседателот, Стево Пендаровски во честитката упатена до граѓаните по повод 8 Септември, Денот на независноста.

Заедништвото, додава Пендаровски, низ годините влијаеше да се надминат сите искушенија.

–  Денес сме пред портите на европските и евроатлантските институции. За да стигнеме до целта, треба повторно да го обновиме единството што го имавме на почетокот на независноста. За тоа ни е неопходно граѓанско помирување, а за трајно помирување потребна е ефикасна правда и државни институции со интегритет – вели Пендаровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...