На граничните премини се чека 30 минути

АМСМ препорачува да се прилагоди брзината на движење, да се почитува поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да се управува со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

69

Зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, предупредува АМСМ.

Според АМСМ, на  граничните премини нема подолги задржувања од 30 минути за влез и излез од државата.

Оттаму и препорака да се прилагоди брзината на движење, да се почитува поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да се управува со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...