Ако немаш ниво, ти нема спас

Ако не правиш разлика меѓу шарлатани и сериозни луѓе, нема никогаш да бидеш добар политичар.

2588
Случајов со Боки 13 (сликањето, пеењето, дружењето, соработките, почесните претседателства…)  повторно го покажа фундаменталниот проблем на нашата политика – немањето ниво.
Квалитетен политичар не се дружи со секого. И секако, не соработува со секого. Тоа не е ароганција, туку она што го кажав – ниво.
Ако немаш ниво, не може никако да бидеш добар во работата. Ако не правиш разлика меѓу добар и лош текст, нема никогаш да напишеш добра статија или книга. Ако не правиш разлика меѓу добра и лоша музика, нема никогаш да компонираш нешто добро. Ако не правиш разлика меѓу добра и лоша храна, нема никогаш да готвиш вкусни јадења.
Ако не правиш разлика меѓу шарлатани и сериозни луѓе, нема никогаш да бидеш добар политичар.
ПС. И тоа нема врска со потенцијален криминал. Со шарлатани и шунд-мајстори не се дружиш дури и ако не прават никакви криминални активности.
(ФБ статус на авторот)
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...