Во 1965 година, во студиото на една телевизиска куќа во СР Германија, двајца филозофи ќе се обидат да ја дефинираат човековата среќа и потеклото на тоталитарната свест, воопшто.
Едниот од нив е Арнолд Гелен, а другиот филозоф е претставникот на прочуената Франкфуртска школа, кој покрај со филозофија се занимавал и со психологија, социологија и музикологија – Теодор Адорно.
Во еден момент, Гелен на својот соговорник ќе му го постави следното пражање:
– Треба ли навистина човек да помине низ сите тие неизвесности, страдања, трауми и репресии, за да дојде до одреден степен на ослободување и среќа?
– Можам кратко да ви одговорам: Да! – му одговорил Адорно.
Јас имам, вели Адорно, посебна концепција за објективната среќа и за објективниот очај и сė додека луѓето не се обидат сами да ја преземат целата одговорност за решавањето на своите проблеми, сė до тогаш нивната благосостојба и нивната среќа ќе бидат само илузија.
Таа илузија, вели Адорно, еден ден ќе се распрсне. А кога таа ќе се распарсне, тоа ќе има страшни последици по луѓето кои ја негувале истата. Во моментот кога луѓето ќе станат свесни за своите илузии, почнуваат да бараат свое прибежиште во силата, којашто самата им нанесува дополнителни страдања и болки.
Така, вели Адорно, се создава плодна почва за појава на тоталитарната држава и за масовно бегство на луѓето од слободата. Сето тоа, пак, на крајот ќе доведе до тоа да не може да се води нормален живот.
(ФБ статус на авторот)