Возачот во Формула 3, Алекс Перони, имаше огромна среќа при дешениот инцидент на италијанското Гран-при во Монца. Неговиот автомобил по излегувањето од патеката во еден своик буквално летна во воздухот и по неколку превртувања слета на заштитната ограда, аод него се разлета делови на сите страни.
Перони помина само со неколку модринки и сега е во болница на прегледи за да се утврди дали има повреди.
Пред една недела, во несреќа на ГН на Белгија во Формула 2, загина Французинот Антоан Хуберт, кој се судри со Хуан Мануел Кореа. Вториот заврши во болницата и сега е во вештачка кома.