Николов: Филипче, играта со стерилизацијата на хируршки инструменти може да чини човечки животи

373

Продолжуваат деструктивните процеси во здравствениот систем. Стерилизацијата на хируршките инструменти е клучна алка во медицината. Играта со стерилизацијата може да чини човечки животи. Вака изјавил членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов, се наведува во соопштението од партијата.

– Тендерот за стерилизација е доделен, но никој нема никаква, ама баш никаква информација како мисли министерот за здравство, Венко Филипче да го спроведува јавното приватно партнерство во оваа клучна област од медицината. Направиja физибилити студија, но не ја објавија, ветија состанок со надлежните од фелата неколку месеци пред објавување на одлуката, но таков состанок не се одржа! Во здравствените институции, замислете не е запознаен со начинот на кој што ќе се спроведува јавното приватно партнерство за стерилизацијата, а за вработените воопшто да не зборуваме – се наведува во соопштението.

Се додава дека „ништо не е познато ниту на јавноста“.

– Толку беше од таа транспарентност! Донесоа сега и одбраа фирма која ќе ја спроведува стерилизацијата! А, ниту одлуката за донесување на стерилизација не е јавна! Значи никој ништо не знае! Се поставуваат прашања, министре, како одбравте 4 центри за стерилизација? И тоа два во Скопје, а останатите да бидат во Охрид и
Кавадарци? Битола и Штип имаат клинички болници, а центрите за стерилизација ќе бидат во Охрид и Кавадарци. Замислете Охрид ќе ја прави стерилизацијата на Битола, која е логиката да се транспортираат инструментите од Охрид во Битола?! Која е логиката да се транспортираат инструменти од Кавадарци во Штип? Не се знае ни кога и како ќе стартува сето ова што вие го нарекувате јавно – приватно партнерство. И повторно прашања, кои што јавноста очекува одговор: Прво, по која цена и како ќе се нудат услугите? По кој ќе се детерминира цената за стерилизација? Второ, кој ќе ја плаќа стерилизацијата на инструментите? Трето, велите дека кадарот ќе го преземе приватен партнер, но треба да објасните под кои услови? И ова се само дел од работите кои бараат одговор. Излезете во јавноста, објаснете како ќе функционира ова! Не на мене туку на јавноста и требаат одговори, на граѓаните на кои што им е важна оваа процедура. Или излезете, или напуштете ја функцијата! Трето нема! – се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...