Жугиќ: Пожарите сериозна закана за Скопје и околината

491

Пожарите стануваат сериозна закана за градот Скопје и населените места околу градот Скопје, изјави советникот во Советот на Град Скопје, Јелена Жугиќ, се наведува во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

– Отсуствува посериозен и посеопфатен ангажман на надлежните институции во справувањето со ваквите катастрофални појави. Практично пожарите директно и индиректно го загрозуваат здравјето на Скопјани. Последниот пожар на Скопска Црна Гора кој остана нелокализиран неколку дена направи огромна штета за животната средина и беше со можни закани за последици врз здравјето и на локалното население – рече Жугиќ, стои во соопштението.

Според неа, „граѓаните беа препуштени речиси сами да се справуваат со пожарите неколку дена“.

– Тоа покажува неколку работи: дека се недоволни капацитетите на градската
противпожарна заштита, дека Дирекцијата за справување недоволно се ангажира во справување со ваквите пожари и дека владата треба посериозно да се вклучи во гасењето на пожарите. Скопска Црна Гора како и Водно се белите дробови на Скопје.
Почитувани, Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје предлагаме:
При гаснење на посериозен и поголем пожар да се вклучи и Армијата на
Република Македонија со своите ресурси,
Градот Скопје и владата да извршат акција за пошумување на уништените зелени површини и дрва кои беа зафатени од пожарите на Скопска Црна Гора.
За таа цел да се изврши пренамена на средствата кои владата ги дава за набавка на цветни аражмани кои беа во висина од над 700 илјади евра како и Градот Скопје да се откаже од набавка на службени возила за менаџментите на јавните претпријатија. Парите да се наменат исклучиво за разеленување на опожарените површини и доопремување на противпожарната градска служба. Градот Скопје и градоначалникот Петре Шилегов да демонстрираат општествена одговорност за потребите на Скопјани – се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...