Тешко повредени тинејџер и 23-годишник во сообраќајка на пат Кичево – Гостивар

434
Фото: МВР

Тинејџер и 23-годишник се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајка на пат Кичево – Гостивар, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 12.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево- Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шевролет спарк“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(19) од Струга и патничко моторно возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(35) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.Б. и сопатник од истото возило Е.И.(23) од Струга кои биле пренесени во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобиле двајца сопатници М.Ѓ.(40) и М.М.(22) и биле пренесени во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош – велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...