Премиерот Зоран Заев задно со градоначалниците на Град Скопје и на Општина Гази Баба, Петре Шилегов и Борис Георгиевски, вечерва изврши увид во реконструкцијата на улицата Благоја Стефковски во скопската населба Маџари.
Како што истакна Шилегов, во првата фаза ќе се реконструира улицата во должина од 870 метри заедно со подземната инфраструктура и ќе се изградат велосипедска и пешачка патека од едната страна во вкупна ширина од 4,5 метри. Вкупната инвестиција ќе биде 16 милиони денари, а треба да биде готова за 60 дена.
Улицата Благоја Стефковски е главната улица која поминува низ населбата Маџари и која ги поврзува Гази Баба и општините Илинден и Петровец. Оваа градска сообраќајница е што ја обезбедува сообраќајната врска и комуникација на многу стопански субјекти и компании во овие три општини кои формираат една од најдинамичните индустриски зони во градот.
– За потребите на граѓаните, за потребите на индустриските и деловните субјекти реконструкцијата на оваа улица ќе се искористи за замена на дел од старата и поставување нова подземна инфраструктура – рече премиерот Заев.
Тој ја поздрави праксата реконструкциите на улиците да се вршат во текот на ноќта со цел, како што рече, колку што е можно да се скрати времетраењето на самата реконструкција и на тој начин да се избегне непотребниот сообраќаен метеж кој настанува со целосното или делумно затворање на улиците.
Градоначалникот Шилегов нагласи дека втората фаза од реконструкцијата на улицата ќе почне во пролетта идната година и додаде дека се надева оти изведувачот ГП Бетон од Скопје ќе ја реализира првата фаза од Триангла до вртењето за улицата Перо Наков побрзо од планираните 60 дена.
– Очекувам наредната година кога ќе почне реконструкцијата на булеварот Александар Македонски да го споиме овој дел од градот со велосипедска патека со остатокот од градот – рече Шилего