Турскиот суд ја осуди познатата опозициска активистка Канан Кафтанчоглу на девет години и осум месеци затвор поради повеќе злосторства, меѓу кои и „навредување на претседателот и ширење терористича пропаганда“, соопшти главната опозициска партија, Републиканската народна партија.
Во обвинението се цитираат неколку твитови на Кафтанчоглу што ги напишала во периодот од 2012 до 2017 година.
Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу рече дека верува дека повисоките судови ќе ја поништат пресудата против Кафтанчоглу.