За шведскиот суд, упадот во Собранието на 27 април е бунт, не тероризам

1369
ФОТО: EPA/MAJA ZLATEVSKA

Упадот во Собранието на 27 ми април според шведските закони не е кривично дело туку бунт, пишува во образложението од пресудата со која Шведска не го екстрадираше обвинетиот за терористичко загрозување во земјава Дејан Давитковски.

По него имаше распишано меѓународна потерница, а беше фатен на аеродром во Шведска каде стигнал од Софија. Сега тој пред тамошните власти тврдел дека е политички гонет, пишува во пресудата, објави Телма.

„Сомнежот има своја основа во политичкиот прогон. Неговата и безбедноста на неговото семејство е загрозена во Северна Македонија“, се наведува во пресудата.

 

извор: Вечер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...