Поради неспособноста на Министерството, студентите не можат да се вселат во
студентските домови и да мислат на испитите. Апелираме под итно во МОН да се фатат за работа и да ги објават списоците, реагира Граѓанско-демократската унија (ГДУ).„Oва ги преминува сите граници. Илјадници студенти чекаат покрив на глава, а Министерството за образование „мува не го лази“. Го прашуваме министерот Адеми, зошто толку се доцни со списоците? До кога ќе се држат студентите во неизвесност? Дали и оваа година студентите ќе се соочат со истите проблеми како и лани?“, прашува ГДУ.

Најдоцна до 31-ви август списокот требаше да биде објавен, но студентите и натаму се во неизвесност и чекаат одговори дали се примени. ГДУ се сомнева дека пролонгирањето на процесот е поради некакви и нечии интереси.
„Истото се случуваше и лани. Студентите излегоа на протест па се објавија, а откако се објавија списоците среде сесија дел од студентите сфатија дека се оставени без место за сместување. Ова ли е грижата за образованието на власта? Се сместуваат во стари домови, без никакви услови за живот. Секојдневно се соочуваат со нови проблеми, јадат ужасна храна и капак на се МОН ги држи во неизвесност дали ќе добијат кревет во некој од студентските домови, кои личат на сѐ, само не на место каде што би требало да бидат сместени студенти. Ова е неприфатливо. Во меѓувреме да работат на подобрување на условите за живот во студентските домови“, се наведува во реакцијата од ГДУ.