Четворица скопјани паднале со лифт од втори кат

980

Четворица скопјани биле повредени откако паднале сосе лифтот во кој се возеле, вчера во населбата Карпош.

Во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле донесени Н.М.(20), Ф.М.(20),О.Н.(21) и К.П.(21), кои, според пријавеното, на 04.09.2019 околу 22 часот, додека се возеле во лифт во зграда во изградба на улица Трифун Бузев, лифтот паднал од вториот кат во подрумските простории.

МВР денеска соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...