Денеска до 25 степени, од утре повремени врнежи

Од утре ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени врнежи од дожд, а од вторник и со локална појава на грмежи

127

Времето ќе биде претежно облачно и релативно топло со умерен до засилен ветер од југоисточен правец, а кон крајот на денот во западните делови ќе има повремен локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната од 20 до 25 степени.

Во Скопје слично време, претежно облачно со умерен до засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 24 степени.

Од утре ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени врнежи од дожд, а од вторник и со локална појава на грмежи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...