Десетици летови се откажани во Јужна Кореја, а сите јавни паркови се затворени поради приближувањето на моќниот тајфун Линглинг кон Корејскиот полуостров.
Метеоролошкото здружение на Кореја соопшти дека тајфунот бил на 430 километри југозападно од одморалиштето на островот Јеју.
Невремето се очекува да помине по западниот брег на Јужна Кореја во сабота попладне пред да пристигне во Северна Кореја.
Здружението предупредува за можни поплави, лизгање на земјиштето и штети предизвикани од „силен дожд во комбинација со многу силен ветер“.
Меѓународниот аеродром Jeју откажа 80 летови, а Министерството за транспорт на Јужна Кореја очекува уште летови да бидат откажани во целата земја.
Сеул ги затвори сите јавни паркови и зоолошки градини поради тајфунот.