Царовска е среќна што децата од Шуто Оризари добиваат нова градинка

154

Навистина сум среќна што дечињата во Шуто Оризари добија современ објект во којшто ќе може интерактивно да се вклучуваат и сите заеднички да учат и да се развиваат. Бидејќи навистина е важно предучилишното образование да се започне што порано за децата понатаму да можат да добијат подобар старт за основно и средно образование, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, при посетата на градинката „8 Април“ во Шуто Оризари, која ги прави последните технички подготовки за отпочнување со работа.

– Општина Шуто Оризари имаше своја градинка но таа сите сме сведоци пред 4 години изгоре. Ние започнавме со изградба пред 2,5 години. Благодарение на Норвешката амбасада којашто ги донираше средствата за иградба и УНДП којшто техничко го поддржуваа процесот на градба, МТСП целосно го финасираше опремувањето. Со тоа се докажа дека со заеднички сили навистина можме да добиеме објект којшто е современ и е според потребите на децата. Ние како министерство интензивно градиме инфраструктура за прием на што повеќе деца во предучилишно образование, што значи дека градиме со план и инвестираме во децата кои се иднината на државата – изјави Царовска.

Градежните работи на градинката „8 Април“ се речиси целосно завршени. Новиот објект е со простор од 1225м2, и е целосно адаптиран за грижа на деца со попреченост. Кралството Норвешка обезбеди финансиската поддршка за овој објект во износ од 35 милиони денари.

– Партнерството со Владата на Северна Македонија е во повеќе општествени сегменти и со повеќе владини тела. Задоволство е да даде поддршка на еден ваков објект кој ќе овозможи инклузија на сите категории на граѓани –  истакна Герк Хакон Јохансен, прв секретар на Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград.

Во моментот градинката располага со капацитет за 160 деца, а со планираната втора фаза на изградба објектот треба да добие и јасли со капацитет за 90 деца.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...