Адвокатката Ирена Фрчкоска е нов бранител на притворената специјална јавна обвинителка Катица Јанева.
Таа доаѓа на местото на адвокатот Стеван Павлески, кој минатата недела се откажа од застапување на Јанева.
Фрчкоска во изјава за 360 степени вели дека се уше не направила увид во доказите за да може да коментира во врска со одбраната.