Јанева не напишала оставка од затворот во Шутка, ќе чека разрешување

810

Осомничената обвинителка Катица Јанева не напишала писмо со кое барала да биде активирана оставката што ја најави на 15 јули, дознаваме од извори од затворот во Шуто Оризари каде што ја издржува мерката притвор поради сомнение дека е инволвирана во аферата „Рекет“.

Претходно и од кабинетот на собранискиот претседател Талат Џафери ни одговорија дека до Собранието, каде што вчера почна процедурата за нејзино разрешување, нема добиено писмо со оставка на обвинителката во притвор.

За Плусинфо и претседателот на Советот на обвинители Ацо Колевски изјави дека не добиле допис со оставка од Јанева, а и да се случи тоа, според Законот за СЈО, тој документ обвинителите може да го разгледаат, а ќе го утврдат откако за тоа одлука ќе донесат пратениците.

Инаку, вчера Комисијата за избори и именувања едногласно и без дебата, му препорача на Собранието да ја разреши Јанева поради незаконско, несовесно и нестручно раководење со СЈО.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...