Царовска до воспитувачите: Децата да ги спремите за живот, не само да ги најадете!

5468
Воспитувачите со септемвриската плата ќе добијат уште пет проценти покачување, изјави министерката за труд и социјална политика на денешното отворање на нови простории во градинката „Детелинка“ во Крива Паланка.
– Платите на воспитувачите и негувателите и целиот кадар во овие установи го зголемивме за 16 проценти, дополнително со септемвриската плата што ќе се исплати во октомври ќе добијат уште пет проценти, со што има вкупно 21 процент покачување на платите, што е голема мотивација за сите вработени кои со години не беа удостоени со соодветни плати – рече таа.
Според неа, примената на програмите за предучилишно образование се многу важни, зашто децата треба да добијат и соодветно образование, да бидат спремни соодветно за старт на училиште.
– Во тоа барам поддршка и од директорите, градоначалниците и од целиот кадар, зашто децата не се тука само за да ги најадеме, наспиеме и исчистиме, туку тие се тука да бидат спремни за соочување со општеството и со училиштето кое ги очекува за некоја година – потенцираше Царовска.
Со покачувањето на платите се опфатени вкупно 3.138 негователи и воспитувачи од државата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...