Еве кои се добитниците на наградата „8 Септември“

502

Во Агенцијата за млади и спорт денес на прес-конференцја беа соопштение имињата на добитниците на државната награда „8 Септември“.

Носители на престижната награда во 2019 година се:
– Томе Коцев, доајен во борењето;
– Слободан Николиќ, еден од најтрофејните спортски доктори;
– Атанас Николовски, еден од најдобрите македонски кајакари;
– Кочо Димитровски, македонска фудбалска легенда;
– Драган Стојановски, претседател на Карате федерацијата, наградата за животно дело за исклучителен придонес за развој и афирмација на спортот во Северна Македонија.

– Државната награда за спорт „8 Септември“ претставува благодарност од страна на државата до сите оние кои преку спортот успеаја да ја промовираат Северна Македонија и да постигнат високи резултати на меѓународно поле. Членовите на одборот немаа воопшто лесна задача и поради тоа сама да им се заблагодарам кои со својата работа и покрај силната конкуренција ги избраа најдобрите – изјави Каевски, директор на АМС.

Честитки до добитниците упати и претседателката на одборот за доделување на наградите Ленче Алексовска-Величковска.

– Големо е задоволството да промовираме луѓе, спортски работници, тренери селектори кои дале голем придонес во афирмација и промоција на спортот во Македонија и надвор од неа. Стручната комисија транспарентно, искрено, донесе предлог одлука која едногласно беше прифатена од одборот – изјави Алексовска-Величковска.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на посебна свеченост на 8 септември (недела) во 11 часот во Собранието на Република Северна Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...