Директорот на Клиниката за торакална хирургуја Неџати Јакупи за Плусинфо потврди дека претпладнево го примиле Бојан Јовановски – Боки 13, кој се жалел на болки во желудникот, но и дека не го хоспитализирале.
– Бојан Јовановски вторпат го примивме на преглед поради желудочни тегоби. Тој претходно имал операција на желудникот. Тој прими инфузија и ќе продолжи со испитувања на други клиники – ни изјави Јакупи.
Јовановски веќе втор месец е во притвор во затворот во Шутка. Тој е првоосомничен во аферата „Рекет“.