Четири лица покосени на пешачки, што гледаат возачите?

Освен тешки и лесни телесни повреди, по кои некој може да остане цел живот инвалид, има опасност во сообраќајка, при ударот, да бидат предизвикани и повреди со фатален исход - предупредува д-р Иван Спировски, директор на клиниката.

1553

По тешката сообраќајка синоќа на Илинденска во Скопје кога 38-годишен мотоциклист со БМВ повреди четворица, двајца од нив денеска морале да бидат оперирани во Градската хируршка клиника „Свети Наум Охридски“.

– Жената е со скршеница на потколеница и, еве, во тек е операцијата. Другиот повреден е маж со скршена подлактица, а по направени испитувања и тој ќе биде опериран. Апелираме уште еднаш да се вози највнимателно, особено во град како Скопје каде има голема гужва во сообраќајот. Возачите да го почитуваат ограничувањето на брзината и да отвораат четири очи кога управуваат со возило или  со мотоцикл, како што било при овој инцидент, во кој дури четири лице се повредени. Освен тешки и лесни телесни повреди, по кои некој може да остане цел живот инвалид, има опасност во сообраќајка, при ударот, да бидат предизвикани и повреди со фатален исход – предупредува д-р Иван Спировски, директор на Клиниката.

Другите две повредени жени од синоќа се во ГОБ „8. Септември“ и на скопските клиники.

Во Комплексот „Мајка Тереза“ бил примен и мотоциклистот, кој е лесно повреден.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...