Непознато лице со возило удрило во 59-годишник во Скопје, па избегало, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 22.27 часот на булевар Крсте Мисирков, патничко моторно возило „фолксваген голф“ удрило во пешакот Ѓ.З.(59) од Скопје, по што го напуштило местото на настанот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.З. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош – велат од МВР.
Извршен бил увид и се работи на пронаоѓање на возачот и на целосно расчистување на случајот.