ПАР(Л)АМУДЕЊЕ Абе и јас го знам Боки од телевизија, ама немам 3.764 слики со него!

Кирацовски: „Рекет па рекет, дај престанете веќе со таа афера“. Стварно! Дајте за фризерки, за патни трошоци, за поведри теми да прајме муабет...

11880

„Го знам од телевизија“ е новото „Не е мое, онаму го најдов сролано.“

***

Во светот пороците ти го скратуваат животот.
Во Македонија ти ги скратуваат маките.

***

Реално, имајќи предвид кој сѐ не се вработи како професор во последниве петнаесетина години, поголеми се шансите учениците да научат нешто ако губат часови, отколку ако ги држат.

***

Брзај, брзај прваче, кон скопскиот аеродром…

***

Да бевме нормална држава, наместо Мира Дизел, професорите ќе земаа по 1.500 евра месечно.
Ама пошо не сме нормални, баш зато ни е Мира пратеник.

***

Функционерите на ДУИ биле заштитени како бели мечки.
Ха. Ха. Белите мечки может само да сонвет да се заштитени како функционерите на ДУИ.

***

Биг Мајк најави 30-40 илјади работни места во земјава.
Субрата Рој барем крави најавуваше, овој без усул.

***

Елвис Бајрам спремен за почетокот на новата учебна година.
Летово научил множење и делење со сите букви, од А до Ѓ.

***

„Од Охридско езеро извлечени правосмукалка и делови од перална“.
Срам да ви е! Сѐ од бела техника ѝ собравте на Ариел – малата сирена.

***

Добро би било Заев да назначи 7-8 директори без ресор во фирмите на Заеви и да ги плаќа по 2.000 евра месечно за да не прават ништо, како што си назначува министри без ресор во владата и ги плаќа по 2.000 евра за да не прават ништо.
Само како пример.

***

Кирацовски: „Рекет па рекет, дај престанете веќе со таа афера“.
Стварно! Дајте за фризерки, за патни трошоци, за поведри теми да прајме муабет…

***

Заев до младите: „Борете се, буквално втурнете се во земјата“.
Младите до Заев: „Ај ти прв!“

***

Го видов Шилегов со електричниот тротинет како поминува до клупите што ги направија од оградата околу Влада, а зад него одеа џиновските инвеститори што ќе нѐ појачаат со 5 милијарди евра и прашуваа каде е зиплајнот.

***

One Хисни Џемаили a day, makes сите нормални go away!

***

Да не има некој доброволец да му се потпишам на грбот со нож?!
Спремам портфолио за министер, зато!

***

Заев: „Тешко ми паѓа кога ги читам лажните вести“.
Значи од ко добивме датум за влез во ЕУ, многу чувствителен стана чоеков.

(Избор ФБ постови на авторот, познат охридски мрчатор)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...