Дејан Митровски и Димитар Димовски вчера го напуштиле истражниот затвор Шутка, откако им е укината мерката притвор, наместо во затвор, процесот за случајот „Шпански скали“ ќе го чекаат дома, објави Сител.
Митровски и Димовски беа приведени на крајот на јуни по кривичната пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања и несовесно работење во службата.