Извештајот за разрешувањето на Јанева ќе остане во тајност

336

Изештајот за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева, осомничена во аферата „Рекет“ треба да остане во тајност, за тоа посојат законски норми и заштита на лични податоци, одлучи Советот на обвиниели откако претседателот на собраниската комисија за избори и именувања Илија Димовски побара декласификација на материјалот за разрешувањето на специјалната обвинителка која е во притвор.

„На одржаната седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија на ден 4.09.2019 година, Советот донесе заклучок дека барањето за декласификација на извештајот за утврдена фактичка состојба број 03-133/6 од 29.08.2019 година поднесено до Собранието на Република Северна Македонија не може да се прифати со оглед дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се уште води истражна постапка за актуелниот предмет оформен против Специјалната јавна обвинителка и од тие причини потребно е да се заштитат правата на лицата кои се наведени во извештајот или да се спречи недозволено влијание во ова постапка“, се вели во соопштението на Советот на јавни обвинители.

Димовски за утрешната седница на собраниската комисија на која ќе се разгледува извештајот што го доби од Советот на обвинители со назнака „доверливо“ смета дека треба да биде јавна за да се зголеми довербата на јавноста во Собранието и во правосудниот систем.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...