Интерресорската група за еднакви можности: Осуда за сексизмот кон министерката Ангеловска

253

Интер-ресорската советодавна и консултативна група за еднакви можности изразува сериозна загриженост за сексизамот насочен кон министерката за финансии Нина Ангеловска, изразен во медиумите, социјалните мрежи и јавноста.

– Еклатантен пример за кој најостро регираме е изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на чиј говор дел од јавноста реагира како на забавно ток шоу, заборавајќи дека ваквите сексистички, омаловажувачки и неприфатливи настапи оставаат трага и стигма на примитивно однесување.

Го осудуваме секој сексистички говор и говор на омраза кон жените со кој доаѓаат до израз стереотипите и предрасудите во нашето општество, само затоа што жените се „дрзнале и отстапиле од социјалните родови норми кои ги исклучуваат од процесите на носење одлуки“.

Ги повикуваме медиумите, здруженијата на новинари, Советот на етика во медиумите и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, преку своите реакции најостро да ги осудат ваквите настапи, но и да одат чекор напред – активно да се вклучат во промовирањето на родовата еднаквост.

Ги повикуваме граѓаните и медиумите да ги препознаат и осудат онлајн нападите и сексистичката злоупотреба на социјалните медиуми што влијаат на достоинството на жената.

Истакнуваме, дека родовата еднаквост е од централно значење за заштитата на човековите права, функционирањето на демократијата и доброто владеење, почитувањето на владеењето на правото и промовирањето на благосостојбата за сите. Еднаквото уество на жените во јавниот живот значи отстранување на бариерите за учество, промовирање на нивната улога во јавниот живот наместо потенцирање и зацврстување на нивната улога во домот. Сексистичките изјави, прашањата и коментарите кои се поврзани со нивниот род, а не нивната работа ги демотивираат жените, го повредуваат нивното достоинство и имаат за цел да ги засрамат и осудат само поради тоа што се жени.

Бараме, Министерството за образование и наука и останатите надлежни институции активно да започнат со спроведување на програми за унапредување на родовата еднаквост во образованието, со кои ќе се превенираат сексизамот и дискриминацијата на жените во општеството, а кај младите ќе се изградат позитивни, демократски вредности, се вели во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...