Прослава на Денот на независноста кај Школка

281

Под мотото „Боите на независноста“ во недела кај Школка во Градскиот парк ќе биде организирана прослава по повод 8 Септември – Денот на независноста. Прославата ја организира Владата, а најавено е и обраќање на премиерот Зоран Заев.

Предвидена е богата културно-уметничка и забавна програма. Ќе настапат Петко и „Пет плус“, Ај кју, Виолета Томовска, Елита Зибери и диџејот Драган Б. Костиќ. Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во традиционалната храна, да учествуваат во спортски активности и да ја видат изложбата на деца од малите групни домови. На штандот на Министерството за здраство граѓаните ќе можат да измерат крвен притисок и да извршат очен преглед, а припадниците на МВР и АРМ ќе изведат показни вежби.

– Владата на Република Северна Македонија ги кани сите граѓани во недела на заедничко чествување во Градскиот парк во Скопје. Маниефестацијата е со почеток во 11 часот пред Школка. Под мотото „Боите на независноста“ ве покануваме заедно да ги прославиме боите на слободата, радоста и убавината, рече владиниот портпарол Муамет Хоџа на денешната редовна прес-конференција во Владата.

Одбележувањето ќе почне со положување цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и на вечните почивалишта на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски и на поранешниот претседател Киро Глигоров.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...