Питер Линдберг, германски фотограф, публицист и режисер познат по портрети на познати музичари, актери и модели, почина на 75-годишна возраст во вторникот. Веста што ја растажи јавноста беше објавена на Инстаграм профилот на Линдберг.
Почитуваниот моден фотограф Питер Линдберг почина во вторникот и причината за смртта сè уште не е позната, пренесува Јаху.
„Со голема тага објавуваме дека Питер Линдберг, на возраст од 74 години, нè напушти вчера. По него тагуваат сопругата Петра, неговата прва сопруга Астрид, синовите Бенџамин, Џереми, Симон и Јосиф и седумте внуци. Питер Линдберг, германски фотограф, публицист и режисер познат по портрети на славни музичари, актери и манекенки, почина во вторникот на 75-годишна возраст.
Веста што ја растажи јавноста беше објавена на Инстаграм-профилот на Линдберг.
Тој се прослави во 1988 година, кога снимил серија фотографии од тогаш сè уште непознатите модели Линда Евангелиста, Наоми Кемпбел, Татјана Патиц, Синди Крафорд и Кристи Тарлингтон. Тој е познат и по бројните насловни фотографии на албуми и синглови, како и по режирањето на видеоспотови на изведувачи како Тина Тарнер, Бијонсе, Шерил Кроу и други.
FOTO: Instagram/Printskrin
‘