Шекеринска: Случувањата во Сирија ќе влијаат врз Македонија, ќе има нов бран мигранти

Она што се случува денеска уште од раните утрински часови во Сирија покажува колку е кревка безбедносната ситуација во светот и колку за жал темите од типот на мир и безбедност повторно стануваат главни теми. Тоа ни покажува и нам како мала држава колку ние важно да бидеме дел од системи за колективна безбедност, рече Шекеринска.

950

Она што се случува на илјадници километри од нас, во Сирија, ќе има влијание и врз Македонија и со зголемување на мигрантскиот притисок, меѓутоа и со една глобална ситуација во светот која не им одговора на малите држави. Како држава се подготвуваме и за зголемување на мигрантскиот притисок врз границите.

Ова денеска го истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска која заедно со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи одржаа отворен брифинг пред македонските медиуми на тема „Економија, реформа и интеграција на Република Македонија“ во организација на Владата на Република Македонија.

– Она што се случува денеска уште од раните утрински часови во Сирија покажува колку е кревка безбедносната ситуација во светот и колку за жал темите од типот на мир и безбедност повторно стануваат главни теми. Тоа ни покажува и нам како мала држава колку ние важно да бидеме дел од системи за колективна безбедност – рече Шекеринска.

Таа посочи дека се подготвуваат и очекуваат во следните денови да имаат дополнителни разговори со Министерството за внатрешни работи и со сите други институции околу можни зголемувања на притисокот на границата.

– Но, дури и без нападот во Сирија јасно е дека притисокот врз границата постои. Не е така видлив како во 2015 година, но фактот дека пред некое време имавме околу стотина мигранти кои нелегално се обидуваат да ја поминат границата и за среќа без фатени покажува дека Македонија и регионот, практично треба да се навикнат дека ова ќе трае и дека мора да имаме систем кој ќе биде постојано активен, а не по потреба – рече Шекеринска.

Како држава, потенцира, го кажавме нашиот став во поглед на користењето на хемиското оружје по една друга тема, но, тоа е наш генерален став.

– Ние веруваме дека мир во светот е возможен и стабилен свет е возможен само ако ги почитуваме глобалните правила. Едно од тие глобални правила со консензус прифатени во светот е забраната за користење на хемиското оружје. Употребата на хемиското оружје во Сирија утре може да значи употреба на хемиско оружје секаде. Нашиот став беше јасен, принципиелен и дел од нашите стратешки определби – додаде Шекеринска. 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...