Во текот на вчерашниот ден до ова Јавно обвинителство од страна на Основниот кривичен суд Скопје доставено е полномошно кое Катица Јанева преку КПУ „Затвор Скопје“ го доставува до ова Јавно обвинителство. Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага, соопшти СЈО.
Имајќи го предвид законот за СЈО и одредбите за автономија на Обвинителството, оттаму велат дека во текот на денешниот ден ќе биде испратен допис до Јавното обвнителство на РСМ за да се запознае Јавниот обвинител на РСМ Љубомир Јовевски со ваквото полномошно, по што ќе биде донесена одлука за евентуално понатамошно постапување.
Во текот на денов и од Јавното обвинителство најавија дека ќе се произнесат во врска со ова барање од Јанева.