Новиот бразилски министер за туризам Ренцо Гарсија, во видео објавено на Твитер го нарече францускиот претседател Емануел Макрон „кловн“ и се закани дека ќе го задави.
– Дојди ваму! Ќе те фатам за врат, тој пилешки врат. Нема да ме измамиш – се закани Гарсија во видеото, лут на Макрон откако тој реагираше на пожарите во бразилскиот дел на Амазонија.
– Единствениот оган кој гори е огнот во бразилските срца и во срцето на нашиот претседател, кловну! – изјави поранешниот ММА борец, обраќајќи му се на Макрон, кого го нарекува Микрон.
По објавеното видео, бразилски новинар побара објаснување од министерот, но тој продолжи со навреди кон францускиот министер.
– Луѓето ќе помислат дека го нареков пиле затоа што сум сакал да ја доведам во прашање неговата машкост, но сум видел многу геј луѓе кои биле помажевни од овој имбецил – рече Гарсија и се префрли со навредите на француската прва дама Брижит.
– Ќе ви поставам прашање: Дали е грда или убава? Дали би ви фатила око?…Фактот дека Макрон спие со змеј не го прави познавач на огнот. Грда е човече – изјавил министерот.
Бразилскиот претседател Жаир Болсонеро неодамна, исто така, ја навредуваше Брижит Макрон, потсетувајќи на нејзините години и фактот дека е 24 години постара од својот сопруг.
ФОТО: EPA / NEIL HALL / POOL