Специјалната обвинителка Катица Јанева од Истражниот затвор во Шутка испратила писмо до обвинителите во СЈО со кое им наредува сите предмети да ги предадат во Основното јавно обвинителство во Скопје.
Писмото било испратено вчера, по што веднаш бил свикан колегиум. Обвинителите одржале состанок, а одлуката ќе треба да се донесе во рок од три дена.