Сите прашања поврзани со Меѓународниот сојузи и облигационите односи што ги има со лица и фирми, јас немам лично присуство, во контекст на она што беше побарано да го дадам како одговор на одредени прашања јас го одговорив. Убаво е да се интересирате за одредени случаи, но сепак останатите прашања ќе ги оставам на надлежните органи. Ќе се воздржам од коментари дали мојата функцијата била злоупотребена или не, изјави пратеничката Фросина Ременски по излегувањето од распитот во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“.
На прашањето дали знаела за зделките и каде одат парите од Меѓународниот сојуз, Ременски рече дека и кога опозицијата го споменувала нејзиното име таа јасно стоела на став дека случајот треба да се истражи.
-Јас квалификации за тоа што правел Меѓународниот сојуз ќе ги оставам на надлежните органи, по прашање на грижа на совест е индивидуална категорија на секој поединец и сите ние имаме одговорност и ситуации кога и другаруваме и сме во роднинска врска со луѓе кои сториле или не сториле нешто – рече Ременски.
За фотографиите со неа и Боки 13 таа појасни дека не значи дека сите кои се фотографирале со него се инволвирани во „Рекет”.
– Лицата фотографирани заедно со притворениот Бојан Јовановски, може да се прашање од интерес за надлежни институции, но не и прашање на првична осуда – рече Ременски.
На прашањето дали ги познава инволвираните од „Рекет“, Катица Јанева, Орце Камчев, Зоран Кичеец, таа изјави дека не ги познава.
– Со индигнации ги отфрлам сите поврзувања коишто вие како новинар ги правите во ова прашање и најодговорно ги демантирам сите овие прашања. Се познаваме како и вие што се познавате од телевизија – рече Ременски.
Таа иако била почесен претседател на Меѓународниот сојуз на Боки 13, тврди дека немала увод во ништо.